КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Отворање на „Денови на македонската литература за деца 2019“ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
12 Dec 2019 - 18:00
Отворање на „Денови на македонската литература за деца 2019“ во Софија (банер)

На 12 декември 2019 година во КИЦ на РСМ во Софија ќе биде отворена манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2019“. Настанот е инициран од издавачката куќа ЕДУКА МАК од Скопје и е поддржан од македонското Министерство за култура.

По време на манифестацијата ќе биде претставена литературата за деца и изданијата отпечатени во последните 3 години. За настанот се поканети автори на публикации, автори во списанието СУПЕР СМЕШКА, наградени автори на фестивалот на поезија за деца - проектот „СТИХУВАЛКИ 2018“, автори на илустрации и на голем број публикации. Преку „Деновите на македонската литература за деца“ се афирмира домашното литературно творештво и придонесува за збогатувањето на културната размена меѓу Северна Македонија и Бугарија

Издавачката куќа ЕДУКА МАК е специјализирана за издавање на литература за деца во која спаѓаат сликовници, книги со поезија и раскази, едукативни прирачници за деца, месечното списание за деца „СУПЕР СМЕШКА“ и други изданија. ЕДУКА МАК е единствена издавачка куќа во Република Северна Македонија која исклучиво се занимава со создавање и издавање на литература за деца.

 

ПРОГРАМА НА „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2019“ ВО СОФИЈА – 12, 13 и 14 ДЕКЕМВРИ:

- 12.12.2019 (четврток)

  • 18.00: Отворање на манифестацијата „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2019“ со поздравен збор на директорот на КИЦ во Софија, д-р Сашко Насев;
  • 18.15: Обраќање на м-р Ели Маказлиева - програмски уредник на проектот;
  • 18.30: Презентација „Литературните и педагошките аспекти на литературата за деца во издание на ЕДУКА МАК“ : проф. д-р Анета Баракоска;
  • 19.00-19.30: Промоција на наградената книга - сликовница за деца „ШЕПНИ МИ ПРИКАЗНА“ избрана на конкурсот по повод „Денови на македонската литература за деца 2019 – КИЦ во Софија“. За книгата ќе говорат: проф. д-р Анета Баракоска, Лила Арсова и Васка Јовановска и врачување на наградата - плакета за најдобра книга - сликовница „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2019“ на авторката д-р Ана Серафимовска.

- 13.12.2019 (петок)

  • 10.30 – 12.30: Посета на детската градинка Д.Г. „195 Братя Мoрмaреви“ во центарот на Софија, размена на искуства и запознавање со изданијата – книгите за деца коишто се користат во градинката, претставување на македонските и бугарски автори кои пишуваат за децата; Работилници за практичната примена на прирачната литература за деца од предучилишна возраст; Вмрежување меѓу детски градинки од Бугарија и Македонија- тркалезна маса.
  • 18.00 -18.30: Промоција на збирките – поезија за деца „СТИХУВАЛКИ 2018 / 2019“; Настап на некплку автори со свои творби;
  • 18.30-19.00: Презентација на најпопуларна книга за деца и врачување на наградата: „ПАТУВАЛКА – ПИШУВАЛКА“, доделување признанија и благодарници на авторите и учесниците;

-14.12.2019 (сабота)

  • 10.00 до 13.00: Посета на Меѓународниот саем на книгата во НДК- Софија, средби со писатели и потпишување меморандуми за соработка со неколку издавачки куќи специјализирани за литература за деца од Софија.
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.