КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Пламенка Трајковска настапува со гудачки квартет во Созопол

Археолошки музеј, град Созопол
6 Jun 2025 - 20:00

На 6 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Археолошкиот музеј во Созопол, Бугарија, љубителите на уметничката музика ќе имаат можност да уживаат во концертот на гудачкиот квартет предводен од Пламенка Трајковска, како дел од програмата на Интернационалниот фестивал на франкофонијата „Soleil“.

Концертот е насловен „Долго патување“ и претставува музичко истражување инспирирано од богатата балканска музичка ризница и француската камерна традиција. На програмата ќе бидат изведени оригинални аранжмани за гудачки квартет, подготвени од Пламенка Трајковска, која настапува заедно со Милена Гиевска-Андоновска (виолина), Љубица Бошкоска (виола) и Александра Јаневска (виолончело).

Фестивалот „Soleil“, кој од 2011 година се одржува во Созопол, е еден од највлијателните културни настани во регионот, што обединува уметници од Франција, Бугарија, РС Македонија, Португалија, Белгија, Либан, Мароко и други земји. Неговата програма вклучува концерти, изложби, филмски проекции, кулинарски презентации и интернационални работилници.

Пламенка Трајковска, истакната виолинистка со меѓународна кариера, и оваа година продолжува со активно присуство на балканската музичка сцена. По успешниот концерт во Софија во март, остварена е нова соработка со директорката на фестивалот „Soleil“, г-ѓа Александрина Исајлова, што резултираше со оваа покана за настап.

„Балканско патување“, нејзиниот најнов проект, е замислен како музичка покана до слушателот да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи преку современа интерпретација на традиционалните звуци, пренесени преку звучниот јазик на гудачкиот квартет.

Концертот се реализира со поддршка на Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија.

 

 
Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30