КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Претставување на книгата „Јадица“ и изложба на театарска фотографија на Владимир Плавевски

ул. „Обориште“ 7, Софија
4 Oct 2018 - 18:30
Претставување на книгата „Јадица“ и изложба на театарска фотографија на Владимир Плавевски (фотографија)

Во КИЦ на Република Македонија во Софија на 4 октомври 2018, со почеток од 18:30 часот ќе биде претставена книгата „Јадица“, во превод на бугарски јазик, а во издание на издавачка куќа „Персеј“  од Софија. Авторот Владимир Плавевски по втор пат ќе го претстави своето литературно творештво во КИЦ во Софија, а исто така ќе се претстави и со своја изложба.

Романот „Јадица“ од Владимир Плавевски, во превод на Маријан Петров, е реалистичен и потресувачки роман за ситничарството на човечките души, за предавството, лицемерието и апатијата кои се шират меѓу луѓето со власт, за судбината на малиот човек, фрлен во бурната река на животот...  Книгата е добитник на наградата „Роман на годината“ во Македонија.

Авторот на книгата е и автор на театарските фотографии кои ќе бидат изложени во галеријата на КИЦ на РМ во Софија истата вечер. На изложбата ќе може да се видат фотографии правени низ 70-те, 80-те и 90-те години и преставуваат фотографско и авторско документирање на театарската сцена во Македонија, тоа се кадри од постановки на познати режисери и актерски состави.

Владимир Плавевски (роден во 1948 год.) е романсиер, драмски писател, фотограф, режисер, доктор ОРЛ специјалист. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2000 година. Освен романот "Јадица" (објавен во2013 година)досега има објавено уште четиринаесет книги: „Момини солзи“ (2018), „Динга стоп“ (2018), „Земјотрес“ (2017), „Комита" (2015), „Последниот сплавар на Вардар“ (2010), „Цена од Ново маало“ (2009), „Вистински приказни“ (2011), „Поплава“ (2006), „Ловец на самовили“ (2004), „Амкање“ (2011), „Играч на Фанта“ (1999), „Фотографија“ (1998), „Градител на боговите“ (1997), „Папарацо-феномен на денешнината“ (1997).

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30