КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Прием и културна програма во хотел Балкан и Рускиот културно-информативен центар во Софија

На 12 и 13 септември, по повод Денот на независноста на Р. Македонија 8 Септември, Амбасадата на Р. Македонија во Р. Бугарија и Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беа домаќини на прием и културна програма во хотел Балкан Софија (12 септември) и Рускиот културно-информативен Центар во Софија (13 септември).

Во културното претставување на двата настани учествуваа Трио Гавровски од долни Полог-Тетово, ЗФГ Копачка од с. Драмче, Делчево кои беа дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија за 2017 година, како и женскиот камерен хор Св. Злата Мегленска.

Триото Гавровски со двогласното машко "Гласоечко" пеење, како и женското и машкото оро "Копачкото" од с. Драмче, се впишани во репрезентативната листа на УНЕСКО, како заштитени културни наследства на човештвото.

Прием и културна програма во хотел Балкан и Рускиот културно-информативен центар во Софија (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.