КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Приказна за Моцарт - музичко едукативна претстава за деца и родители во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
10 Dec 2021 - 18:00

На 10 декември 2021, 18:00 ч. во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи музичко едукативната претстава за деца и родители „Приказна за Моцарт“, во која учествуваат децата од Детското драмско и музичко студио при Здружението Детски Свет од Скопје.

Во претставата, чиј автор е Сања Шуплевска Боирал, драматург - Магдалена Ризова Черних, продуцент - Орце Ицковски, ќе настапат: Анастасија Аневска (Клара), Адриен Боирал (Карл), Александар Ицковски (виолончело), Ведран Андреевски (пијано), Дарко Богески (Моцарт, Леополд, Бетовен), Магдалена Ризова Черних (Кралицата) и Сања Шупелвска (виолина).

Претставата се одвива во времето кога В. А. Моцарт ја пишувал својата последна опера - Волшебната Флејта (1791). Главните носители-актери во претставата се во улога на детскиот состав од Волшебната Флејта. Тие прават експерименти и истражувања со главна цел да го спречат маестрото Моцарт во намерата да ја исфрли нумерата со деца од претставата. Претставата преку неколку сцени раскажува за моменти од животот на славниот композитор, неговото  творештво, како и периоди од детството, патувањата, познанствата, родителството и др. Сцените се проследени со изведба и видео инсерти  на неколку познати композиции од опусот на В.А. Моцарт

Здружението Детски Свет (Децата и младите во акција за подобар свет) е непрофитна организација која од своето основање до денес, спроведува бројни проекти значајни за општеството и културата, каде преку разновидни едукативни работилници се постигнуваат значајни резултати во однос на активното учество на децата и младите во промовирањето на културно-уметничкиот живот во РСМ. Целта на Детски Свет е да се зголеми свеста за важноста на неформалното образование при активното вклучување во процесот на развојот на културата и уметноста во земјата. Во својата историја, здружението организираше (како главен носител) над стотина различни видови на настани, претстави и концерти како и континуирана едукација од областа на уметноста и културата. Работното портфолио на Детски Свет вклучува соработка и проекти со реномирани организации како што се Министерството за култура и Министерството за образование на РСМ, првата детска амбасада Меѓаши, Про-Хелветика, Гете-институт, неколку странски амбасади, како и домашни државни институции - Национална Опера и Балет , Македонската Филхармонија, Национално музичко училиште, ЕСРА и Драмски Факултет во Скопје, Младински Културен Центар, Град Скопје, Еразмус+, Виенските конзерваториуми Шпилштат и Прајнер, Сплитскиот Универзитет во Хрватска, неколку северноамерикански  музички училишта и др. Поради овој вид стратегија водена од новата рамка за европска соработка, здружението е насочено кон зајакнување на креативноста и иновативноста, вклучувајќи и претприемништво на сите  нивоа на образование и обука. Во тој контекст здружението ги промовира образованието и културата со цел да ги зајакне капацитетите при компатибилност  со светските стратешки ориентации.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30