КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на бугарското издание на книгата "Јавна и културна дипломатија"

На 26 април, Министерството за култура на Р. Бугарија беше организатор и домаќин на промоцијата на бугарското издание на книгата "Јавна и културна дипломатија" од Васко Шутаров. Пред многубројни љубители на културата и претставници на дипломатскиот кор, за книгата и авторот зборуваа Марјан Ѓорчев, Амбасадор на Р. Македонија во Бугарија, Дејана Данаилова од Министерството за култура на Р. Бугарија и Пламен Тотев, во име на бугарското книгоиздателство "Изида.

Ова е едно од ретките дела посветени на културната дипломатија, една од поновите и најатрактивните области од дипломатијата, со која преку културни содржини и програми, државите и нивните дипломатии упатуваат пораки за своите системи на вредности, идеи, ставови, претстави, начини и култури на живеење. Едно од првите и сеопфатни истражувања во научна смисла на оваа тема, се поместени токму во оваа книга, која на македонскиот книжевен пазар појави во 2014 година.

Авторот на книгата, м-р Васко Шутаров е директор на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, а овој проект беше поддржан и помогнат од македонското Министерство за култура.

Промоција на бугарското издание на книгата "Јавна и културна дипломатија" (фотографија)
Промоција на бугарското издание на книгата "Јавна и културна дипломатија" (фотографија)
Промоција на бугарското издание на книгата "Јавна и културна дипломатија" (фотографија)
Промоција на бугарското издание на книгата "Јавна и културна дипломатија" (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.