КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на бугарското издание на романот „Тегли“ од Јордан Коцевски

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
10 Jul 2025 - 18:30

На 10 јули (четврток) 2025, со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Тегли“ од македонскиот писател Јордан Коцевски.

Романот во Софија ќе биде претставен од авторот Јордан Коцевски, книжевниот критичар Пламен Тотев, редакторот Марјан Петров и преведувачката Тања Попова.

Мрачниот трилер ја раскажува приказната за криминалот во сите негови нијанси, како и за најсуровите ужаси што една личност е способна да ги направи.

Професионален крадец провалува во сеф во домот на богат човек и открива дека вредните предмети внатре се всушност збирка тегли полни со застрашувачка содржина. Тој е заробен од колекционерот и мора да најде начин да избега од него.

Млада жена, која се опоравува од врска со насилен маж, одлучува да покани маж кој штотуку го запознала, во нејзиниот стан. Неочекувано, тој ја напаѓа и таа го убива во самоодбрана. Истражувајќи го напаѓачот, таа открива дека тој ја демне веќе некое време и наоѓа работи кај него што ја шокираат. Таа анонимно се јавува во полиција, преправајќи се дека напаѓачот е сè уште жив.

Додека крадецот почнува да соработува со полицијата, за да им помогне да го пронајдат избеганиот колекционер, младата жена станува одмаздник, решена да ја земе правдата во свои раце...

За авторот:

Роден во 1983 година, Јордан прави научна кариера и во 2014 година брани докторска дисертација по менаџмент во туризмот и угостителството. Напишува повеќе од 30 научни статии пред да му здодее и да одлучи да се занимава со својата вистинска страст – пишувањето на уметничко творештво.

Неговите први книги са стрип антологија, графички роман и збирка со раскази.

Ентузијастичките реакции на читателите на неговиот прв роман, „Тегли“, објавен во 2021 година, докажаа дека знае што прави, па затоа реши да пишува повеќе. Така се појавија „Заследи ме“ и „Наследство: Прозорецот“ во 2022 г. и „Зборови“ во 2023 г.

Јордан живее во Охрид, црпејќи инспирација од неговите мистерии и убавини, додека работи како туристички водич и уредник на електронското книжевно и уметничко списание „(e)Lit“.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31