КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев во КИЦ на РСМ во Софија

На 8 септември 2022 од 18:30 часот во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија се одржа промоцијата на книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Книгата излезе од печат оваа година а преводот на бугарски јазик го направи Деница Проданова.

За литературното дело, во присуство на авторот Александар Прокопиев, пред публиката во КИЦ на РСМ во Софија говореа издавачот Пламен Тотев, познатиот бугарски писател Алек Попов, а делови од книгата читаше режисерот и актер Ѓорги Георгиев – Антика.

Со овој литературен настан КИЦ на РСМ во Софија симболично го одбележа Денот на независноста на македонската држава – 8 Септември.

Во име на Амбасадата присутните ги поздрави Вршителот на должност Амбасадор г-дин Владимир Крстевски и ја честита 31 годишнина од Независноста на Република Македонија.

Ѓорги Георгиев исполни неколку композиции во придружба на пијано од самиот Прокопиев, кои што публиката бурно и со воодушевување ги поздрави.

Настани

8 Sep 2022 - 18:30

На 8 Септември 2022 од 18:30 часот во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Книгата излезе од печат оваа 2022 година како издание на издателство „Книги за сите“ од Софија, а...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30