КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на книгата „На враќање“ од Фросина Пармаковска во КИЦ на РСМ во Софија

На 9 март 2023 година, во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија, Бугарија, се одржа промоција на романот „На враќање“ од Фросина Пармаковска. Пред полниот салон на КИЦ се обратија г-н Пламен Тотев, издавач и критичар, кој зборуваше за модерниот и современ израз на Пармаковска во нејзините дела и нивната долготрајна соработка, која довела до објавувањето на романот како трето нејзино дело на бугарски јазик. Преведувачот и писател г-н Марјан Петров пак, од своја страна, се задржа на повеќеслојноста на сижето и ликовите во романите на Пармаковска, како и на нејзината вештина да пишува во машки или женски род со еднаков успех.

Писателката Пармаковска во својот настап истакна дека делото настанало половина во Софија, половина во Скопје во услови на пандемија, а карантинот и овозможил писателско време, за да го напише „На враќање“. Таа одговори и на неколку прашања на присутните. Во име на КИЦ и на Амбасадата на Северна Македонија, гостите и присутните ги поздравија директорот Сашко Насев и амбасадорката Агнеза Руси – Поповска. Пред присутните, делови од прозата на Пармаковска читаа актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Марин Џишев.

Настани

9 Mar 2023 - 18:30

На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ излегува како издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата на литературното...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28