КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Ретроспективна изложба на Меѓународната ликовна колонија во Струмиц и трио "АКОРДИОМ"

На 10 Јули Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше организатор и домаќин на два културни настани. Програмата започна со откривање на ретроспективната изложба посветена на 50 години од Меѓународната ликовна колонија во Струмица, на која низ 30 дела беше направен пресек на најзначајните дела на една од најстарите и најпознати ликовни колонии кај нас. Изложбата ја отворија директорот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров и директорот на Центарот за култура "Антон Панов", Иван Јовев.

Ликовната колонија во Струмица своите почетоци ги има од август 1964 година, досега била домаќин на преку 1200 автори од сите светски меридијани а поседува богат ликовен фонд од преку 2.500 дела, меѓу кои и значајни дела од класиците на македонското ликовно творештво. За изложбата во Софија беа презентирани дела од Мартиноски, Перчинков, Кондовски, Пандилов, Наумовски, Темкова.

Во вториот дел од програмата настапи триото хармоники "АКОРДИОМ", кого го сочинуваат Зорица Каракутовска, Бојан Волчевски и Филип Стамевски. На својот прв концерт во македонскиот културен Центар во Софија, тие се претставија со програмата од Ј.С. Бах, А.Вивалди, В.А.Моцарт, Е.Илиевска-Бете, Е.Дербенко, А. Пјацола, Р.Галијано. Долги аплаузи и неколку биса за бравурозната интерпретација имаше за овој наш состав, посебно за Македонските парафрази од композиторката Елизабета Илиевска-Бете.

Триото во овој состав делува неколку години, а претходно членовите на составот биле дел од разни камерни состави. Проф. Зорица Каракутовска, Бојан Волчевски и Филип Стамевски имаат настапувано на концертни подиуми освен низ Македонија и во Србија, Бугарија, Хрватска, Франција, Португалија, Луксембург, Италија. Тие се чести гости на престижни европски музички фестивали и повеќекратни лауреати на "Акордеон Арт Фестивалот" во Италија.

Ретроспективна изложба на Меѓународната ликовна колонија во Струмиц и трио "АКОРДИОМ" (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.