КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Самостојна изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија во КИЦ на РСМ во Софија

ул. "Обориште" 7, Софиja
23 Jul 2019 - 18:30
Самостојната изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија во КИЦ на РСМ во Софија (банер)

Самостојната изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија ќе биде отворена на 23 јули (вторник) 2019 година од 18:30 часот, во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија.

Изложбата е составена од над триесет ликовни дела од областа на сликарството со кои авторот, со внесување на повеќе колорит, се обидува да изгради позитивен поглед кон светот и животот. Посетителите на КИЦ во Софија, на ул. „Обориште“ 7, ќе имаат можност да ја видат оваа изложба до 15 август 2019 година.

Tасим Кадрија е роден на 1 август 1961 во Слупчане, Северна Македонија. Основното училиште го завршил во  ОУ „Јета е ре“, во село Слупчане. Средното образование го завршил 1981 година во Куманово, во гимназијата „Гоце Делчев“.

Во 1982 година се запишал на Факултетот за ликовна уметност.  Завршил „Ликовна педагогија“ во 1984 година на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје, во класата на проф. Ристо Калчевски.

Во 2006 година се запишал повторно на Факултетот за ликовна уметност и во 2008 година завршил „Сликарство“ на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје, во класата на проф.  Рубенс Корубин.

Од 1984 година е вработен како наставник по ликовно образование во ОУ „Фаик Коница“  во село Слупчане до ден денес.

Свои три самостојни изложби  во 2017 година поставил во бугарските градови Варна и Карлово.  

Има учества во групни изложби низ градовите на Северна Македонија: Скопје, Куманово, Кавадарци, Гостивар, како и во с. Слупчане. Исто така, има учества во изложби низ градовите на Бугарија: Софија, Велико Трново,  Смолјан, Јамбол, Севлиево и град Елена.           

Изложбата е дел од Годишната програма на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и е потпомогната од Министерството за култура на Северна Македонија.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31