КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Седмица на македонското кино во Софија

Кино Одеон, бул. Патриарх Евтимиј 1, Софија
21 Jan 2019 - 18:30
Седмица на македонското кино во Софија (банер)

Седмицата на македонскиот филм ќе се одржи во Кино Одеон, во Софија, од 21 до 27 јануари 2019 година. Во рамките на деновите на проекции ќе се прикажат 5 долгометражни и 8 краткометражни македонски филмови.

Програмата започнува со отворањето на Седмицата на македонскиот филм на 21 јануари од 18:30 часот во Кино Одеон, со проекцијата на филмот „Исцелител“. Наредниот ден, на 22 јануари од 18:00 часот, ќе биде прикажан филмот „Кога денот немаше име“.

На 23 јануари, со почеток од 18:00 часот, ќе се прикажат краткометражните филмови „Еклер“,  „Dolores“, „Види ја ти неа“ и „Децата ќе дојдат“. На 24 јануари, со почеток од 18:00 часот, ќе следи вториот блок краткометражни филмови: „Пепи и Муто“, „Амби“, „Тие доаѓаат од центарот на светот“ и „Коливо“

На 25 јануари од 18:00 часот е филмот „Враќање“. На 26 јануари од 17:00 часот е филмот „Џган“, а на 27 јануари (недела) од 17:00 часот е затворањето на Седмицата на македонскиот филм со проекцијата на филмот „Gipsy Magic“.

Седмица на македонскиот филм во Софија е плод на соработка меѓу Кинотеката на Македонија и Бугарската национална филмотека.

Дополнителна информација за филмовите и билетите на http://bnf.bg/bg/odeon/accents/3104/591/ и касата на Кино Одеон во Софија.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.