КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Со две македонски ликовни изложби беше отворен Седмиот Фестивал на Франкофонијата "Солеј" во Созопол

На 3 јуни, со две македонски ликовни изложби беше отворен Седмиот Фестивал на Франкофонијата "Солеј" во Созопол, Р. Бугарија. Културно-информативниот Центар на Р. Македонија кој трета година по ред е партнер и редовен гостин на овој Фестивал, годинава понуди три културни содржини. На првиот фестивалски ден најпрво беше отворена изложбата "Поврзување" на која со преку педесетина дела, работени во различни ликовни техники, се претставија уметниците Иво Пецов, Марјан Ѕин, Маријана Иванова, Ице Огненовски-Мерко, Зоран Мише, Слободан Милошески, Горан Тричковски, Иван Стоименов, Павел Целкоски и Перица Георгиев-Пепси.

Во вториот ден од програмата беше отворена и ликовната изложба "Охридски филиграни" од авторката Мирјана Николоска. Преку триесетина дела работени на традиционален начин, со срма, монистра и охридски бисер, преизвикаа исто како и изложбата "Поврзување" голем интерес.

Изложбите ги отворија директорката на Фестивалот Александрина Исаилова, претседателката на Советот на Општина Созопол Красимира Германова и директорот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров. Нанастаните присуствуваа амбасадори на земјите учеснички на фестивалот и бројни ликовни и културни работници од Созопол.

Седмиот Фестивал на Франкофонијата во Созопол, кој беше отворен на 3 јуни, продолжува до осми јуни, со културна програма од Франција, Белгија, Швајцарија, Романија, Грузија, Либан, Мароко, Македонија и Бугарија.

Со две македонски ликовни изложби беше отворен Седмиот Фестивал на Франкофонијата "Солеј" во Созопол (фотографија)
Со две македонски ликовни изложби беше отворен Седмиот Фестивал на Франкофонијата "Солеј" во Созопол (фотографија)
Со две македонски ликовни изложби беше отворен Седмиот Фестивал на Франкофонијата "Солеј" во Созопол (фотографија)
Со две македонски ликовни изложби беше отворен Седмиот Фестивал на Франкофонијата "Солеј" во Созопол (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31