КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Солистички концерт на Славица Галич-Петровска

На 29 мај оперската певица Славица Галиќ-Петровска имаше солистички концерт во придружба на пијанистот Андреј Наунов а во рамките на 11. Фестивал на уметностите "Борис Христов", во истоимениот музеј.

Фестивалот традиционално се одржува од 18 мај до 13 јули, а гостувањето на Галиќ-Петровска го организираше Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и беше дел од одбележувањето на 10--годишниот јубилеј на Центарот. На програмата на рециталот беа композиции од македонските автори Томислав Зографски, Властимир Николовски, Ристо Аврамовски, Трајко Прокопиев, од бугарскиот композитор Хаджиев, како и од светски познатите автори Рахманинов, Форе, Римски-Корсаков, Пучини, Гуно.

Солистички концерт на Славица Галич-Петровска (снимка)
Солистички концерт на Славица Галич-Петровска (снимка)
Солистички концерт на Славица Галич-Петровска (снимка)
Солистички концерт на Славица Галич-Петровска (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.