КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко

На 6 Ноември 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, се одржа концерт на соло виолина насловен како „Магична барокна вечер“. Овој беше 11-ти концерт за оваа сезона како дел од годинашната програма на Министерството за култура на Република Македонија, беше изведен од младата и афирмирана виолинистка Наташа Диденко од Скопје, во рамки на активностите на КИЦ на РМ во Софија.

Концертот се состоеше од изведба на дело од германскиот композитор Георг Телеман кое е за соло виолина и припаѓа на европското музичко творештво од 18-ти век. На концертот беа присутни многу колеги музичари, угледни пријатели на КИЦ и дипломати. Самиот концерт го отвори д-р Сашко Насев, директор на КИЦ на РМ, а публиката ја поздрави и амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија, Марјан Ѓорчев.

 Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко (фотографија)

Наташа Диденко изпълнява Méditation (Thais) от Jules Massenet.

Настани

6 Nov 2018 - 19:00
Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко (виолина) (банер)

На 6 ноември (вторник) со почеток од 19:00 часот, во КИЦ на РМ во Софија, ќе се одржи соло концертот „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко (виолина).

Во програмата на концертот се предвидени музички композиции на германскиот композитор од доцниот барок, Георг Филип Телеман (1681-1767). Тој е сметан за...

ул. „Обориште“ 7, Софија
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.