КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

ВО МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО СОФИЈА ОДБЕЛЕЖАНИ 80-ГОДИНИ ОД КОДИФИКАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

На 5-ти мај, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, сведочевме за едно културно постоење што не се брише: 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

Овој јубилеј не е само бројка. Тоа е доказ дека јазикот не се брани со декларации, туку со збор. Со писмо. Со истрајност. Заедно со еминентниот професор и лингвист проф. д-р Михајло Марковиќ, говоревме за „Милениумската постојаност на македонскиот јазик – темел на нашиот културен идентитет“.

Македонскиот јазик не е само средство. Тој е суштина. Тој е духовен и културен темел на нашиот народ. Тоа е јазик што пркоси кога го негираат, што опстојува и кога го забрануваат. Јазик што зборува и кога молчи. Во него живее вековната мудрост на пирејот што не се искоренува, љубовта што не се предава и вистината што не се купува. Тоа е јазикот што нè поврзува со Кирил и Методиј, со Климент и Наум, со Мисирков и Конески. Тој нè чува од заборав и нè води кон утре. На македонски се твори наука, се пишува книжевност, се изразува љубов, се води борба. Во неговата мелодија се слуша народот. Во неговите дијалекти - цела една цивилизација. Македонскиот збор може да биде остар, нежен или тивок - но никогаш нем. Зашто секој изговорен збор на македонски е чин на самосвест. Чин на постоење. Чин на љубов. Во знак на почит, на крајот од вечерта му доделивме благодарница на проф. д-р Марковиќ за неговиот придонес, во чест на 20 години од постоењето на Македонскиот КИЦ во Софија - институција што го чува македонскиот збор таму каде што најмногу е потребен.

Македонскиот јазик живее. Зашто ние зборуваме. И ќе зборуваме. Гласно, достоинствено – и секогаш на македонски.

Настани

5 Мај 2025 - 18:30

На 5 мај 2025 година, со почеток од 18:30 часот, во просториите на Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одбележи јубилејот – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани: Решението на Првото заседание на АСНОМ (2...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31