На 5 јуни 2022 во Градска галерија во Созопол ќе биде отворена изложбата „Слобода?!“, составена од дела на македонски и бугарски современи ликовни уметници. Со оваа изложба КИЦ на Република Северна Македонија во Софија зема свое учество на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ кој по единаесетти пат се одржува во туристичкиот град Созопол на брегот на Црното Море.