КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба на Свилен Стефанов во КИЦ на РСМ во Софија како дел од проектот „Поврзување“

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
28 Sep 2020 - 17:00
Изложба на Свилен Стефанов во КИЦ на РСМ во Софија како дел од проектот „Поврзување“  (банер)

На 28 септември (понеделник) 2020 во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Свилен Стефанов. По „Изгубени простори“ на Марјан Ѕингаров, оваа втора изложба од  проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија е во духот на  поврзувањето на творештвата на авторите од Северна Македонија и Бугарија.

Свилен Стефанов (1966, Софија) е ликовен уметник, историчар на уметноста, критичар и куратор. Живее и работи во Софија. Своето академско образование го добил во Националната ликовна академија во Софија. Професор е по историја на уметноста на ХХ в. во Националната ликовна академија, доктор по теорија и историја на уметноста. Неговата приказна како уметник, куратор и критичар е сврзана со групата XXL, создадена во Софија во 1994 година.

„Моето сликарство е резултат од доволно долго искуство на полето на самата материјалност на оваа уметност, но неспоредливо повеќе, тоа е последица од моите занимања со теоријата и историјата на уметноста, како и со мојата дејност како ликовен уметник во 90-те, кога преферираните мои изразните средства беа фотографијата, текстот и перформансот. Уште во последната деценија од минатиот век бев меѓу основачите на идеологијата на групата XXL, преку која нашата современа уметност доби ново звучење, различно од постојните тогаш „социјалистички“ парадигми, или од наметнуваниот (од определени средини) како задолжителен за „современиот уметник“ неоконцептуализам. И денес, сосема со умисла, работам во полето на ликовното, кое е сврзано со традицијата, но тоа е повторно дел од моите разбирања за независност.

Моето сликарство е наративно и на прв поглед раскажува различни „истории“, но логичките нишки на таа тематичност се намерно прекинати. Во нив нема нешто кое по некаков начин би можело да биде обврзано со конкретност од животот. Суштината на мојата работа е длабоко вкоренета во истовремениот усет за божественост на битието и длабокиот сомнеж во сите идеологии, кои ја карактеризираат социјалната страна на современиот живот.“

Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со COVID-19. Во таа смисла ќе биде регулиран бројот на посетителите во изложбената сала, во која ќе биде важно да се одржува дистанца од 1,5 метри меѓу секој од посетителите. Заради големината на галеријата, во еден ист момент ќе можат да присуствуваат 10 -12 посетители кои ќе се задржуваат најмногу до 20 минути. За настанот се обезбедени дезинфектанти и помошници ќе внимаваат за настанот да помине без собирање на многу луѓе на едно место. Заштитните маски остануваат задолжителни.

Официјалниот дел на вечерта е предвиден за 17:00 часот, по што посетителите кои ќе дојдат покасно ќе можат да го видат видеото од официјалното обраќање на директорот и авторот.

По отворањето, изложбата ќе остане отворена и ќе може да се види во работно време на КИЦ на РСМ во Софија. Посетителите кои имаат интерес може да не информираат за своите намери на rmkic@yahoo.com или на телефон: 00 359 2 9461492

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31