КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Фотографска изложба на Игор Христов - Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
4 Mar 2021 - 17:00

Фотографската изложба на Игор Христов „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ ќе биде отворена на 4 март (четврток) 2021 г. во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, со почеток од 17:00 часот.

„Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ е документарна фото изложба од 20 дела, фотографирани во три држави: Тајланд, Перу и Еквадор. Темата која ја обработува изложбата е од социјален карактер и следи луѓе кои спијат во јавна околина: по улиците, по пазарите, парковите, станиците.

„За да ги направам овие фотографии ме инспирира храброста на тие случајни сонувачи да си го отпуштат телото и удобно да се наместат пред илјадници минувачи и слатко да потонат во друга реалност. Тие спаѓаат во групата на сонувачи, а не на спијачи!

Сонот е уметност, сите кои сонуваат несвесно градат едно уметничко дело со слики, ситуации, карактери, симболи, исто како и филмскиот режисер или поетот.“

Игор Христов, роден 1982 г. во Скопје, е филмски режисер и пасиониран фотограф. Како тинејџер завршува курс по фотографија во „Народна техника“. Во 2003 година се запишува да студира во Националната Академија за филм во Софија, Бугарија, смер филмска и телевизиска режија. Како студент има можност да снима 3 кратки филма на 35 мм лента, кои филмови учествуват  на бројни филмски фестивали. Во 2010 г. магистрира на тема „Естетиката на Магичниот реализам во киното“ Неговите кратки филмови се наградени во Јапонија ,Кина, Полска, Чешка, Шпанија, Турција. Ова е негова прва самостојна фото изложба .

Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со COVID-19. Во таа смисла ќе биде регулиран бројот на посетителите во изложбената сала, во која ќе биде важно да се одржува дистанца од 1,5 метри меѓу секој од посетителите. Заради големината на галеријата, во еден ист момент ќе можат да присуствуваат 10 -12 посетители кои ќе се задржуваат најмногу до 20 минути. За настанот се обезбедени дезинфектанти и помошници ќе внимаваат за настанот да помине без собирање на многу луѓе на едно место. Заштитните маски се задолжителни.

Официјалниот дел на вечерта е предвиден за 17:00 часот, по што посетителите кои ќе дојдат покасно ќе можат да го видат видеото од официјалното обраќање на директорот и авторот.

   

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30