КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоцијата на книгата „Преобразби“ од Владимир Мартиновски во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
11 Мај 2021 - 18:00
Промоцијата на книгата „Преобразби“ од Владимир Мартиновски во КИЦ на РСМ во Софија (банер)

На 11 мај (вторник) 2021 во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „Преобразби“, која е составена од поетски дела на македонскиот писател Владимир Мартиновски. Со почеток од 18:00 часот, ова литературно издание ќе биде претставено пред публиката од страна на издавачот Мартин Христов, од бугарското Издателство „Ерго“, од преведувачот, поетот и ликовниот уметник  Роман Кисјов, кој воедно го направи изборот и содржината на книгата, како и од самиот автор на поетските дела Владимир Мартиновски.

Местата за промоцијата на книгата се со ограничен број и право на присуство ќе имаат само оние кои претходно се запишале. Контролираниот достап е со цел одржување на дистанца меѓу посетителите и почитување на мерките за справување со пандемијата од Ковид-19.

Книгата „Преобразби“ ќе биде претставена и на 12 мај, на Европската ноќ на литературата која во организација на странските културни центри и амбасади во Бугарија се одржува по десетти пат. Во дворот на Куќата-музеј на Пејо Јаворов во Софија, каде што ќе биде македонското читателско место, поголем број од заинтересираната публика ќе може да се запознае со поезијата на Владимир Мартиновски.

„Владимир Мартиновски е модерен, концептуален автор – секоја негова книга е организирана со определен концепт и е задлабочено обмислена. Неговата поезија е интелектуална, естетичка и истовремено лесно достапна. Таа е богата со теми и идеи, во неа коегзистираат парадоксалното, необичното и обичното, егзистенцијалното и интимното, неопфатното и малото, метафизичкото и предметното…  Таа, покарај тоа, е богата и со експерименти од областа на јазикот и со графиката и структурата на стихот. За жал до овој момент авторот е скоро непознат во Бугарија. Книгата „Преобразби“ ја пополнува таа празнина во познавањето на еден од најинтересните современи македонски поети. Таа го содржи најдоброто од неговата поезија и во неа се вклучени текстови од скоро сите негови поетски книги.“ (Роман Кисјов)

Владимир Мартиновски (1974) е еден од најсилните претставници на средната генерација во литературата на РС Македонија – вистински ерудит и интелектуалец, повеќедимензионален творец, поет, белетрист, есеист, литературен критичар, преведувач, музичар, универзитетски предавач – професор по општа и компаративна книжевност... Автор е на дваесетина книги, од кои половината се поезија.  Вклучен е во различни антологии на современата македонска поезија. Преведуван е на многу јазици. Учесник е во бројни меѓународни литературни форуми, писателски резиденции и поетски фестивали. Тој има составено неколку тематски антологии.

 

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31