Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е формиран во 1980 година. Сместен е во три објекти на две различни локации, од кои едниот дел се наоѓа во културно-историскиот споменикод 15 век Сули-ан во Старата турска чаршија, а другите два објекта се лоцирани во населбата Тафталиџе. Во текот на 33-годишното постоење, редовните додипломски студии ги завршија 1134 студенти, а постдипломските студии ги завршија 158 студенти.
Абонирайте се за новини и събития от сайта