Филхармонија на Република Северна Македонија доби свој концертен простор, нов музички храм во кој ќе можат да се остваруваат визиите. Амбиент во кој музиката, како универзален јазик, ќе царува во својата комоција. Оваа нова архитектонска градба е и редок урбан симбол на градот Скопје. И таа не е дом само на Филхармонија. Ќе биде дом за сите оние што ќе се сладат со нејзините културни содржини. Ќе биде белег по кој треба да се препознава културната матрица на нашата метропола.
Драги вљубеници во музиката, добредојдовте во нашиот нов музички храм, нашата градска икона, во зградата што танцува!
Заедно да откриваме нови музички предели. Зашто, ова е наше, ама и ваше духовно прибежиште.
Абонирайте се за новини и събития от сайта