Во огласот објавен на 1 Ноември 1920 г. се барале слушатели за книжевност, лингвистика, историја, филозофија и педагогија. Се пријавил 21 студент.
На 16 декември започнува настава за прв пат на еден факултет на тлото на Македонија, започнува ерата на модерното високо образование. Се основа Филозофскиот факултет во Скопје. Наставата се одвивала во зградата на учителската школа „Идадија“.
Иако Филозофскиот факултет во Скопје претставува најстара, а пред Втората светска војна и единствена висока школа и научна установа во Македонија, целта на неговото основање била преку оваа високообразовна институција да се засили насилната денационализација на македонското население во новоформираното Кралство СХС . Но, напротив, одржаниот Студентски судски процес во 1927 година во Скопje, откако била окриена група студенти припадници на Тајната македонска младинска револуционерна, укажува на обратен процес наспроти првичната цел.
Абонирайте се за новини и събития от сайта