Денес кога новите електронски средства покрај вообичаеното секојдневното комуницирање го менуваат и начинот на изразување, денес кога се смета дека компјутерската технологија и Интернетот дефинитивно ќе покажат дека печатење на книги е излишно и дека електронската копија го означува крајот на печатената книга – ситуацијата е дијаметрално спротивна. Книгата и натаму трае, опстојува, а во светот и понатаму се прават големи „фараонски згради” за нејзиниот комотен престој и во дваесет и првиот век, по и во вековите кои ќе следат. Нивниот заеднички соживот со новите современи технологии не само што не згаснува, туку уште поинтензивно продолжува мистеријата и магијата на книгата и библиотеката и нивната вечна симбиоза. Иако се неми, тие вечно говорат, а човекот и човештвото вечно ги слушаат и ќе ги слушаат, бидејќи тоа е гласот на бесмртните книги сместени во бесмртните светилишта на мудроста и знаењето од кои ќе се црпат искуствата и за иднината.
Абонирайте се за новини и събития от сайта