КУЛТУРНО-ИНФОРМАЦИОНЕН ЦЕНТЪР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЯ В СОФИЯ
  • Македонски
  • Български

Изложбен център Матка

Изложбениот центар Матка е едиствен едукативен центар во Македонија што се бави со енергетски теми. Во него посетителите преку современи интерактивни методи може да научат повеќе за енергијата, нејзината историја, производство, пренос и користење.

Едукативните содржини се поставени во историскиот објект на старата хидроцентрала Матка, каде што гостите имаат уникатна можност одблиску да видат енергетски објект стар 80 години што се’ уште може да биде во функција.

ЕВН ја има таа чест како дел од своето мало производство на електрична енергија од обновливи извори да ја поседува хидроцентралата Матка. Матка отсекогаш била посебна. Се наоѓа во еден од најживописните кањони во Републиката, посетуван од туристи од целиот свет. Македонија како и остатокот од светот има растечка потреба од едукација на младите во т.н. СТЕМ област (наука, технологија, инженерство и математика). Љубовта кон овие науки се креира уште во детството, а во Македонија не постојат доволно едукативни содржини кои би ја поттикнале.

Богатата историја на Матка која вреди да се раскажува на идните генерации, како и потребата за СТЕМ едукација беа главните причини поради кои ЕВН го создаде Изложбениот центар Матка.

Категория: 
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел/факс: 02 946 1492

ул. Оборище 7, 1504 София

Бюлетин

Абонирайте се за новини и събития от сайта

СИГУРНОСТ
Този въпрос удостоверява, че сте реален потребител.

Календар

Н П В С В П С
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31