Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и Дирекцијата за култура и уметност-Скопје на 17 декември од 19 часот во камерната сала "Бугарија"– Софија беше одржан концерт на камерното трио од Р. Македонија: Ана Кондратенко-виолина, Олег Кондратенко-виолина и Марија Вршкова-пијано. Беа изведени дела од: К.Ф.Е Бах, Жан-Мари Леклер, Морис Мошковски, Хенрик Виенјавски, Димитриј Шостакович, Пабло Сарасате.
Олег Кондратенко (1973) почнува да свири виолина на 7 годишна возраст. Го завршува нижото и средно образование во МБУЦ "Илија Николовски-Луи" во Скопје. Студиите ги продолжува во Ротердам - Холандија. Дипломира на ФМУ со оценката 10 "Cum laude", за потоа да замине на Високата школа во Келн, каде завршува пост-дипломски студии. Добитник е на повеќе награди. Во моментот Кодратенко е вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Ана Кондратенко е родена во Новосибирск (Русија), каде почнува да свири виолина на 4-годишна возраст. Своето музичко образование го започнува во Специјалната музичка школа. Потоа продолжува во класата на професор В.Третјаков (во Hochschule fur Musik, Келн), каде што добива диплома во 2004 година. Добитничка е на повеќе награди и конкурси. Моментално работи како концертмајстор на Оркестарот на Македонската филхармонија.
Марија Вршкова е родена во Битола каде што го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала со највисока оцена - "Cum laude" на ФМУ 1997 год. Во текот на 2001 година ги завршува магистерските студии. Добитничка е на повеќе награди и конкурси.
б