КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Музика

Филхармонија на Република Северна Македонија доби свој концертен простор, нов музички храм во кој ќе можат да се остваруваат визиите. Амбиент во кој музиката, како универзален јазик, ќе царува во својата комоција. Оваа нова архитектонска градба е и редок урбан симбол на градот Скопје. И таа не е дом само на Филхармонија. Ќе биде дом за сите оние што ќе се сладат со нејзините културни содржини. Ќе биде белег по кој треба да се препознава културната...

На 19.01.1947 година за прв пат во својата историја македонските музичари ги обединија своите сили и креативни потенцијали и ги ставија во служба на организирано издигнување и развивање на нашата музичка култура. Имено на овој датум во просториите на Радио Скопје се одржа основачкото собрание на Друштвото на продуктивните и репродуктивните музичари на Македонија, каде што беше избрана првата управа предводена од корифеите на современата македонска музичка култура Петре Богданов - Кочко (претседател), Тодор Скаловски (потпретседател), Живко...

Изминатите пет и пол децении се исполнети со илјадници програми, десетици илјади учесници,стотици илјади посетители, но бројките и статистиката не мора секогаш да ја изразуваат суштината кога станува збор за остварувањата во творештвото и уметноста Затоа бројки се заменети со фактот на континуираното активно постоење, постојананата присутност меѓу уметниците и публиката.

Музичко - балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ од Скопје е училиште од посебен интерес за државата. Во него се образуваат кадри од музичката и балетската уметност и како единствен центар од ваков вид тој претставува јадро од кое произлегуваат идните музички и балетски уметници и педагози, кореографи, диригенти, композитори и други музички и балетски културни дејци.

Основан во 2011 година и израснат од идејата за уникатен open-air настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно Дојранско крајбрежје – Д Фестивал веќе ја потврди и оправда иницијативата на најдобар начин. Ова е млад фестивал кој, благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисити од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера константно доведувана до еуфорија и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија

Скопскиот џез фестивал е една од водечките културни манифестации во Македонија, со традиција од 37 последователни години и со извонредна репутација во Европа и во светот. Се вбројува меѓу водечките џез фестивали во Европа. Фестивалот започна во 1982 година, а во неговата историја се впишани настапите на најславните имиња на американскиот и европскиот џез, на латино-американската и африканската музика, како и најдобрите македонски музичари. Скопските џез фестивал е член на престижната асоцијација „Европска џез мрежа“ (Europe Jazz Network).

Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ – Скопје, e невладина организација, основана во април 2016 година, со единствена цел да ги обедини џез музичарите од Македонија, и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа.

Во здружението членуваат дел од најреномираните џез музичари од Македонија, студенти и професори на џез академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност. Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афир...

Pages

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31