КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Моменти“ на Марта Патлиџанковска во Македонскиот КИЦ во Софија

На 13 март во галеријата на КИЦ во Софија беше отворена самостојната ликовна изложба на младата сликарка Марта Патлиџанковска.

Присутните гости ги поздравија Н.Е. Агнеза Руси-Поповска, амбасадор на РС Македонија во Бугарија, и проф. д-р Зоран Пејковски, директор на КИЦ во Софија, кој истакна:

Почитувани гости со вечерашнава изложба почнуваме со реализација на културните проекти за 2025 година, и ве уверувам дека ќе бидат бројни и разновидни и интересни, така што ќе имате можност да видите и да бидете дел од бројните културни настани на Македонскиот Културно-информативен центар.

Што се однесува до вечерашната изложбата на Марта Патлиџанковска „Моменти“ таа ја нуди можноста за поглед во уметничката експресија на една од најмладите и најперспективни уметници на денешницата. Со своите дела, Патлиџанковска го продолжува својот пат како успешна уметничка која набрзо станува член на ДЛУМ и има освоено многу награди и признанија, покажувајќи впечатливи резултати во својата уметничка кариера.

Марта, родена во 1999 година, дипломира на Факултетот за ликовни уметности и веднаш по дипломирањето започнува активно да учествува на значајни изложби, како што се групните изложби и нејзините самостојни проекти, меѓу кои и „Портрети“ и „Уживање“ во 2023 и 2024 година. Нејзината работа е препознатлива по користењето на интензивни бои и изразита импулсивност во техниката, која, со своите контрасти и динамичност, ја носи силната емоција и личен печат на уметничките дела.

Мотивите што ги обработува се разновидни, но особено силно присутни се портретите и мачките (а на вечерашната изложба ги имаме мачките), кои стануваат симболи на нејзината визуелна експресија. Користењето на комбинирана техника и храбрата употреба на боите ја прават изложбата визуелно и емоционално динамична. Силните, груби потези со четката и техниката на создавање слоеви ја изразуваат нејзината желба за континуирана истражувачка работа во светот на боите и формите.

Во светот на Марта Патлиџанковска, секој момент претставува уникатна шанса за доживување и размислување, што се надоврзува на темата на нејзината изложба, која ги предизвикува гледачите да се впуштат во нејзиниот визуелен свет и да ја доживеат истата сила и енергија која таа ја вложува во секое дело.

Со голема радост ја прогласувам изложбата за отворена! Уживајте во нејзините „Моменти“.

Настани

13 Mar 2025 - 18:30

На 13 март, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи отворањето на ликовната изложба со наслов „Моменти“ на младата ликовна уметница Марта Патлиџанковска. Изложбата е составена од сликарски платна во голем формат, настанати во последните две години...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31