КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Моменти“ на Марта Патлиџанковска во Македонскиот КИЦ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
13 Mar 2025 - 18:30

На 13 март, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи отворањето на ликовната изложба со наслов „Моменти“ на младата ликовна уметница Марта Патлиџанковска. Изложбата е составена од сликарски платна во голем формат, настанати во последните две години.

За изложбата „Моменти“:

Во таа потрага по создавање на индувидуален ликовен исказ, Патлиџанковска се претставува со ликовни решенија, платна со големи димензии, работени во комбинирани техники, во кои доминира експресијата на бојата. Бојата ја има главната улога и ја создава линеарната и формалната структура на делото. Авторката не се плаши целото платно да го обои со силна колористичка палета, поставена во контрастни соодноси на црвената, сината, жолтата боја, магентата и да покаже, жестокост и импулсивност во изразот. Со динамични и експресивно груби потези на четката, пастуозно „шкрабање“ на површината со боја директно од туба и употребата на спреј, Патлиџанковска уште повеќе ја зголемува острината на потегот, така што целокупната содржина трепери и делува вибрантно. Воодушевена од колористичките експерименти, без однапред утврден концепт и дефинирана идеја, создава смели ликовни решенија кои припаѓаат на реалистичкaта ликовна сфера, со асоцијативен и симболички призвук. Така, лексиката на нејзиното сликарство ќе ја бараме во симбиозата на фантазијата и јавето, во сферата на свесното и потсвесното.

Што се однесува до тематската преокупација, Патлиџанковска ја издвојува мачката како главен мотив скоро во сите нејзини дела. Уште од Древниот Египет, каде претставата на мачка се сметала за божество, па сѐ до денес, таа е присутна во делото на многу уметници. Патлиџанковска ја слика од своја перспектива – со нагласено спирални и искричави очи,  во која се испреплетуваат елементи на симболичност и метафоричност. Самите дела нé наведуваат на размислата дека ова суштество авторката го поистоветува со луѓето и нивните различни доживувања и психолошки состојби. Но, без оглед дали делата имаат  емоционална обоеност или не, од изборот на актуелната продукција можеме да констатираме дека Марта Патлиџанковска е уметница која е целосно фасцинирана од феноменот на бојата и токму преку неа се обидува да нѐ внесе во својот сликарски универзум.

За Марта Патлиџанковска:

Марта Патлиџанковска е родена на 20 август 1999 година во Скопје. Во септември 2022 дипломира на Факултетот за ликовни уметности на сликарство, насока реставрација и конзервација во класата на Жанета Вангели. Веднаш по дипломирањето станува член на ДЛУМ.

Има учествувано на неколку изложби:

„Светскиот ден на уметноста“ преку Europe House во Сули Ан, 2022;

„Четирите мајстори на модернизмот“ во Галерија ФЛУ каде ја добива истоимената награда, 2022;

„Слобода“, VI Скала изложба во Public Room, 2022;

„ФИЈУК“ во соработка со Partizan Print во библиотеката Браќа Миладиновци, 2023;

„Портрети“ прва самостојна изложба во Галерија ФЛУ, 2023;

„Цртаме на македонски јазик“, групна изложба на ДЛУМ, Арт Хаб 2023;

„Final Exam“ групна изложба во Пионери Арт Платформ, 2023;

Во 2023 година учествува и на 49 интернационална ликовна колонија во Куманово;

„Нови енергии“, групна изложба на ДЛУМ, Дом на АРМ, 2024;

,,Уживање“ самостојна изложба во МКЦ Скопје, 2024.

 

 

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28