КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Изложба в угозападниот Универзитет "Неофит Рилски"

На втората од серијата ликовни изложби, која на 20 Ноември беше отворена на Југозападниот Универзитет "Неофит Рилски" во Благоевград, се претставија ликовните уметници Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Иво Пецов и Соња Димитрова од Виница, Горан Тричковски од Делчево, Зоран Георгиев од Гевгелија и Иван Стоименов од Скопје. Во месец август, овие млади автори, со поддршка на нашиот Центар во Софија реализираа успешна изложба во Велико Трново. Изложбата во Благоевград ја отворија директорот на КИЦ на Р. Македонија Васко Шутаров и професорот Румен Дешев од Факултетот за уметности на Југозападниот Универзитет во Благоевград.

Седум македонски ликовни уметници кои работат во различни ликовни техники, од графика, масло на платно, текстил, скулптура, инсталации, пред две години се обединија во проектот "Конекција" и се претставија на исклучително посетена изложба во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, во јули 2012 година. Тоа беше повод КИЦ на Р. Македонија повторно да го актуелизира овој концепт и да продолжи со организација на ликовни настани со оваа неформална група од талентирани и креативни ликовни уметници кои дипломираа на Академијата за ликовни уметности во Софија и во моментов живеат и работат во Бугарија.

Изложбата во Благоевград посетителите можеа да ја посетата од 20 Ноември до 1 Декември 2014 година.

Изложба в угозападниот Универзитет "Неофит Рилски" (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Този въпрос удостоверява, че сте реален потребител.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31