КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Книгата „Преобразби“ од Владимир Мартиновски на Десеттата Европска Ноќ на Литературата

Куќа-музеј на Пејо Јаворов, ул. „Г. С. Раковски“ 136, Софија
12 Мај 2021 - 18:00
Десеттата Европска Ноќ на Литературата (банер)

На 12 мај 2021 ќе се одржи десеттото издание на Европска Ноќ на Литературата. На настанот, кој ќе трае од 18:00 до 21:30 часот, КИЦ на РСМ во Софија ќе ја претстави книгата „Преобразби“ која содржи избрана поезија од македонскиот писател Владимир Мартиновски. Книгата, чиј превод го направи поетот и ликовниот уметник Роман Кисјов, излезе од печат минатата година во издание на бугарското издателство „Ерго“. Посетителите на настанот, кој се организира од различните странски културни центри и амбасади и се одвива на различни локации од центарот на Софија, ќе имаат можност да циркулираат меѓу тие читателски места (гнезда), каде на секои 30 минути ќе се повторува читањето на делот од избраната книга.

Посетителите кои ќе го изберат читателското гнездо на КИЦ на РСМ во Софија (дворот на Куќата-музеј на Пејо Јаворов, ул. „Г. С. Раковски“ 136) ќе се запознаат со поезијата на Владимир Мартиновски. Избраната поезија ќе ја читаат актерите Игор Дамјанов и Ѓорги Георгиев – Антика, кои се од РС Македонија, но живејат и работат во Бугарија. На присутната публика ќе им се обрати и авторот на книгата кој за настанот ќе допатува од Скопје.

Повеќе информации за сите настани можете да најдете на сајтот на Европската Ноќ на Литературата: https://noshtnaliteraturata.com/

„Владимир Мартиновски е модерен, концептуален автор – секоја негова книга е организирана со определен концепт и е задлабочено обмислена. Неговата поезија е интелектуална, естетичка и истовремено лесно достапна. Таа е богата со теми и идеи, во неа коегзистираат парадоксалното, необичното и обичното, егзистенцијалното и интимното, неопфатното и малото, метафизичкото и предметното…  Таа, покарај тоа, е богата и со експерименти од областа на јазикот и со графиката и структурата на стихот. За жал до овој момент авторот е скоро непознат во Бугарија. Книгата „Преобразби“ ја пополнува таа празнина во познавањето на еден од најинтересните современи македонски поети. Таа го содржи најдоброто од неговата поезија и во неа се вклучени текстови од скоро сите негови поетски книги.“ (Роман Кисјов)

Владимир Мартиновски (1974) е еден од најсилните претставници на средната генерација во литературата на РС Македонија – вистински ерудит и интелектуалец, повеќедимензионален творец, поет, белетрист, есеист, литературен критичар, преведувач, музичар, универзитетски предавач – професор по општа и компаративна книжевност... Автор е на дваесетина книги, од кои половината се поезија.  Вклучен е во различни антологии на современата македонска поезија. Преведуван е на многу јазици. Учесник е во бројни меѓународни литературни форуми, писателски резиденции и поетски фестивали. Тој има составено неколку тематски антологии.

 

 

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31