КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт „Балканско патување“ на Пламенка Трајковска, Милена Гиевска Андоновска, Љубица Бошкоска и Александра Јаневска во Македонскиот КИЦ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
27 Mar 2025 - 18:30

На 27 март, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на КИЦ во Софија ќе се одржи концертот „Балканско патување“ на гудачкиот квартет при Здружение Пламенка Трајковска – МКС од Скопје. Македонски и балкански мелодии ќе бидат интерпретирани од Пламенка Трајковска (виолина), Милена Гиевска Андоновска (виолина), Љубица Бошкоска (виола) и Александра Јаневска (виолончело).

„Балканско патување“ претставува музичко-истражувачки проект, во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот, а за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користени како основа за создавање нови композиции со гудачки квартет.

Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет – виолина, виола и виолончело, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, како и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика, кои имаат само еден наслов: Балканска композиција.

Концертот „Балканско патување“ е покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во музичката ризница наречена Балканска музика за и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.

 

Пламенка Трајковска – виолинист и композитор, дипломира на ФМУ во класата на Проф. М. Куфојанакис. Магистрира на Економскиот факултет при универзитетот ,,Кирил и Методиј“ и се здобива со титулата Магистер по Економски науки. Од 1994 М- р Пламенка Трајковска е постојан член на Филхармонија на Република Северна Македонија.

Пламенка го креира музичкото јадро со наслов ,,Пламенка Трајковска - мали камерни состави“. Малите камерни состави креираат музички програми со класична музика и кросовер со мултимедијални елементи и музичка технологија и настапуваат на официјални концерни сцени и на алтернативни простори со цел да ја доближат класичната музика до широката публика и до младите.

Пламенка Трајковска е автор и изведувач е на албумот „Апасионато“ и албум „Карневал на животните“ од Камиј Сен Санс во адаптација за виолина и пијано. Автор и изведувач е на музика за театарски претстави и на синглот ,,Светулки,, и на повеќе детски песни. Посебен опус Пламенка создава врз традиционалните фолклорни теми за кои креира аранжмани за гудачки квартет во класичен стил и аранжмани на традиционални фолклорни теми во кросовер стил за гудачки квартет. Од овој опус позначајни се композициите Мајка на Марика, Македонско Девојче, Јовано, Кољо, Слушам кај шумат шумите и Ој девојче .

Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

Пламенка Трајковска е национален координатор е на меѓународниот Лајонс музички натпревар Томас Кути.

Има добиено титула ,,Витез на хуманоста,, за особена помош во заедницата и  добива орден за посебни заслуги на европскиот натпревар од меѓународниот директор Брајан Шеран.

Пламенка Трајковска е добитник е на наградата ,,Жена со најголеми достигнувања во културата“ за 2022 година.

 

Милена Гиевска Андоновска е музичар изведувач- виолинист со педагошко- методолошка доквалификација. Основното образование го завршува во

родниот град Куманово а со запишување во средното музичко училиште И.Н.Луј

во класата на професор Аспарух Хаџи Коневски започнува нејзиното музичко школување во Скопје. Дипломира и магистрира на отсекот музичар изведувач на виолина во класата на професор Љубиша Кировски. Во склопот на музичката наобразба а и по нејзиното завршување е дел од бројни камерни состави меѓу кои и Скопски солисти водени од палката на професор Велко Тодевски. По завршувањето на школувањето се приклучува на бројни музички проекти како што е Коштана со Влатко Плевнеш, Кросовер со Пламенка Трајковска, настапи со преработки на ирски народни мелодии и тн. Исто така соработува и со културно уметнички друштва како КУД Владо Тасевски- Скопје, како и со повеќе културно уметнички друштва од Куманово. Во моментот е во работен однос во ООУ Кирил и Методиј како и во ООУ Крсте Мисирков Куманово.

 

Љубица Бошкоска - виола  е родена 1986 година во Тетово. Основното музичко образование го завршува во родниот град а средно музичко образование завршува во МБУЦ илија Николовски ЛујДипломира на отсекот виол класата на проф. Фросина Балова.

За време на своето образование учествува на натпреза камерна музика и на семинари по виола. Учесник е во проектот на Град Скопје со наслов Улични музичари каде настапува со гудачки квартет.Има реализирано концерти во Македонија во Битола, Прилеп Скопје, Ресен и во други градови. Професор е по виола во музичкото училиште во Тетово во период 2014 до 2016. Во моментот е редовен член на Македонската опера и балет.

 

Александра Јаневска - виолинчело е родена 1987 година. Завршува основно и средно музичко образование во МБУЦ илија Николовски Луј. Дипломира на ФМУво класата на проф. Жифко Фирфов.

За време на образованието учествува на бројни семинари кај проф. Астрид Селита , кај проф. Вернер Шмит, семинар за современа музика. Настапува со оркестарот на ФМУ и е член на помали камерни состави а има настапувано со младинскиот интернационален оркестар во Берн, Швајцарија. Има реализирано концерти во Швајцарија, Италија, Босна и Херцеговина во Хрватска и Македонија.

Од 2009 година е надворешен член во Македонската Филхармонија. Моментално работи како професор по виолончело во МБУЦ Илија Николовски Луј.

 

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30