КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт „Класиката го среќава Џезот“ на Квартет тромбони во Музеј „Борис Христов“ во Софија

Музеј „Борис Христов“, ул. „Цар Самуил“ 43, Софија
10 Dec 2019 - 18:30
Концерт „Класиката го среќава Џезот“ на Квартет тромбони во Музеј „Борис Христов“ во Софија (банер)

во Музеј „Борис Христов“ во Софија, на 10 декември 2019 година со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи концертот „Класиката го среќава џезот“ на Квартет тромбони од Северна Македонија. Концертот е во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, дел е од Годишната програма на нашиот КИЦ во Софија и е подржан од Министерството за култура на РСМ.

Квартетот Тромбони на Македонската Филхармонија е формиран 2016 година. Во него членуваат Димче Белчовски, Бранко Илиевски и Никола Ристевски на тромбон и Александар Ниниќ на туба. Нивната долгогодишна соработка во Македонската филхармонија е преточена во камерен состав кој има за цел концертна промоција и унапредување на музичко сценската дејност низ државата и надвор од неа. Во 2017 година квартетот одржа три концерти во Берово,Кавадарци и Битола со репертоар од класичен карактер, на кој се најдоа познати дела, адаптирани за квартет тромбони од Р. Вагнер, А. Рубинштајн и други, но и композиции напишани конкретно за ваков вид состав. Во наредната, 2018 година настапуваат во малата сала на новиот објект на Македонската филхармонија во Скопје, овој пат со сосема различен репертоар. Концертот беше насловен „Класиката го среќава Џезот“, а на програмата беа најпознатите џез композиции, аранжирани за ваков состав. Следат два концерти во Њујорк, во Македонскиот културен центар и на Брас фестивалот кој се оддржа за прв пат 2018 година.

Димче Белчовски е роден во 1983 година во Берово. Со тромбонот се запознава во средното музичко училиште ДМБУЦ Илија Николовски Луј кај проф. Ташко Тодоров, а подоцна се запишува во Интерлохен Академијата во САД, во класата на проф. Том Рикобоно. Високото образование го започнува на еден од најпрестижните факултети во САД, Истмен Музичко Училиште, во класата на легендарниот педагог, Џон Марсалис. По три години поминати на овој престижен факултет, се враќа во Македонија, каде го довршува школувањето на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, а подоцна и магистрира на истиот, во класата на проф. Ташко Тодоров. Од 2008 е редовен член во Македонската Филхармонија, како прв тромбон. Има посетувано часови кај следните познати професори, Чарли Вернон, Стив Вицел, Марк Лоренс, Марк Фишер, Марк Хецлер, Чарлс Фриман, Џо Алеси, Џејмс Марки и други. Од 2018 година е и заменик професор по тромбон во ДМБУЦ Илија Николовски Луј.

Бранко Илиевски  е роден 1986 година во Скопје. Музичкото образование го започнува во ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје, насока Тромбон во класата на проф. Ташко Тодоров. Покажува успеси на натпревари во државата и надвор од неа за време на своето школување (Охридски Бисери, Даворин Јенко, Љубен Пипков). Високото образовани го стекнува на неколку факултети во Македонија (ФМУ Скопје, проф. Ѓорѓи Стефановски и Универзитет Гоце Делчев, проф. Кирил Рибарски), како и во САД (универзитетот Лин во Флорида, проф. Дан Сатервајт) и Србија (ФМУ Белград, проф. Александар Бенчиќ). Од 2008 година е редовен член на Македонската Филхармонија, како втор тромбон. Посетувал мастер класови кај повеќе познати професори, како Том Рикобоно, Чарли Вернон, Џејмс Марки,Луис Бониља, Џо Алеси.

Александар Ниниќ е роден 1989 година во Скопје. Музичката едукација ја добива на 9 години, а веќе следната година почнува да го изучува музичкиот инструмент тромбон во класата на Проф. Ташко Тодоров. По 10 години изучување на тромбонот, се префрлува на инструментот туба на Факултетот за музичка уметност во класа на Проф. Ташко Тодоров каде и дипломира во 2014 година. Професионално се вклучува во оркестрите на Македонска Филхармонија и оркестарот на Македонската Опера и Балет од 2012 година како надворешен соработник, а од 2015 година е редовен член на Македонската Филхармонија. Како гостин се појавува во оркестрите на Црногорскиот Симфониски Оркестар и Белградската Опера и Балет. Во 2016 година запишува магистерски студии во класа на Проф. Крунослав Бабиќ на Факултетот за музичка уметност во Белград. Има слушано приватни часови кај: Norman Pearson, Jim Self, Roger Bobo, Janez Znidarsic и други професори.

Никола Ристевски (1991) средното музичко образование го започнува во ДМБУЦ " Илија Николовски - Луј" во класата на проф. Ташко Тодоров. Во истата класа продолжува и со дипломски, а во 2015 завршува и магистерски студии на ФМУ. Уште од најмлада возраст учествува на сите натпревари и концерти во рамки на државните натпревари за музика, но и на натпревари надвор од нашата држава, како што е Бугарија и Италија. Член е на младински меѓународни оркестри во Бургас, Р. Бугарија, како и член на CEI, со кого настапува во Австрија, Словенија, Италија. Хонорарен соработник од 2010 г. е на Македонската филхармонија, оркестарот при МОБ, францускиот оркестар за снимање филмска музика F.A.M.E.S, Биг бендот на МТВ, член е на здружението на џез музичари, каде што членува во тамошниот Биг бенд.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31