КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Културно-информативниот центар на РСМ во Софија ги отвора вратите за посетителите од 26 Мај

По периодот на наложената изолација и ограничувањето на контактите меѓу луѓето, заради пандемијата со КОВИД-19, и во врска со олабавувањето на соодветните мерки, посетителите во работните денови ќе имаат можност да го користат фондот на нашата библиотека, која во изминатиот период беше обновена и проширена. Во нашиот галериски простор е поставена изложбата на плакати од настани, организирани од КИЦ на РСМ, реализирани последните две години.

Посетите на нашите простори ќе се извршува во предвидените рамки, диктирани од епидемичната состојба во Република Бугарија:

  • Гостите и домаќините на КИЦ на РСМ во Софија ќе биде потребно да носат маски
  • Посетителите да ги дезинфицираат рацете при влегувањето во КИЦ во Софија. За таа намена има обезбеден дезинфектант за посетителите
  • Да биде почитувано пропишаното правило за дистанца меѓу луѓето во овој период
  • Да биде сведено до минимум допирањето на ентериерот на КИЦ
  • Посетите на КИЦ на РСМ во Софија ќе бидат регулирани, за да се избегне собирање на поголем број на луѓе на едно место и да се одржи пропишаната дистанца. За таа цел ги замолуваме заинтересираните посетители да не информираат за своите намери на rmkic@yahoo.com или на телефонскиот број: ++ 359 2 9461492

Ве очекуваме!

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.