Сетстат, препознатливата македонска група која свири современ џез, ќе одржи свој концерт на сцената на „Софија лајв клуб“ на 20 април 2022, по отворањето на вратите од 20:00 часот.
Владан Дробицки - тромбон, Васко Бојаџиски - тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев - клавијатури, Павел Дробицки - бас и Гоце Наумов - тапани ќе ги свират за прв пат пред публика композициите од нивниот единаесетти албум. Албумот излегува наскоро (околу 20 април 2022) со етикетата на PMG Jazz.
Концертот е втора епизода од серијата на "Аларма Панк-Џез" фестивалот на Бугарското Национално Радио, посветенa на размената и зближувањето на џез сцените од Бугарија и Северна Македонија, на којшто партнер по традиција е и Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.
Повеќе информации за настанот можете да најдете на https://www.facebook.com/events/826370794951316
Билети на https://epaygo.bg/9174845934 или на касите на EasyPay