Ретроспективна изложба од 20 дела од Вељо Ташовски на 22 април беше отворена во нашиот Културно-информативен центар во Софија. Изложбата се реализираше во соработка со НАционалната галерија на Македонија а истата минатата година беше поставена во Даут Пашин Амам во Скопје, во Битола , Велес и Штип. На отварањето пред присутните гости и семејството на сликарот Ташовски, се обратија директорот на македонскиот Центар во Софија, Васко Шутаров, кустосот на изложбата Маја Неделковска-Брзанова и Конча Пиркоска, ликовен критичар.
Вељо Ташовски е роден во 1949 година, во с. Осој, Р. Македонија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1975 година во класата на проф. Габриел Ступица, а на истата Академија и магистрира во 1979 година. Бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и декан на истиот факултет (2002-2006).