КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт „2+1“ на Стојан Димов, Нинослав Димов и Маја Поповиќ Караиванова во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
6 Jun 2023 - 18:00

На 6 јуни 2023 со почеток од 18:00 часот, во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, ќе се одржи концертот „2+1“ на музичкото трио составено од  Стојан Димов (кларинет/саксофон), Нинослав Димов (саксофон) и Маја Поповиќ Караиванова (пијано). Овој музички состав пред публиката во Софија ќе се претстави со дела од Пит Свертс, Антонино Паскуљи, Бела Ковач, Феликс Менделсон, Педро Итуралде.

Стојан Димов завршува основно и средно музичко образование во Велес и Скопје, Македонија. Од 1975 до 1981 бил додипломски и постдипломски студии во Универзитетите во Скопје и Загреб, во класите на проф. Иван Кочаров и проф. Јосип Нохта. Својата втора магистерска диплома ја добива во 1993 година на Универзитетот во Скопје. Од 1980 до 1995 е соло кларинет на македонската Филхармонија, а во исто време е и член на Биг Бенд при МРТ. Од 2002 година е член на групата на Горан Бреговиќ. Преку годините бележи многубројни рецитали, солистички настапи со најпознатите светски оркестри, соработка со најдобрите диригенти, и многу настапи во разни камерни ансамбли. Денес тој е еден од најактивните македонски музичари со настапи по целиот свет на годишно ниво.

Маја Поповиќ е родена во Скопје, каде и го започнува своето музичко образование на 5 годишна возраст, во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“, во класата на проф. С. А. Чадиковска, а средното музичко образование го  завршува во класите на проф. С. А. Чадиковска и проф. М. Писинова.

Своето школување го продолжува на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, каде дипломира во 2003 год. со највисоки оцени на одделот за пијано, во класата на проф. Е. Елезовиќ. Магистерските студии ги завршува во 2011 година на ФМУ во класата на проф. Е. Елезовиќ.

Во текот на школувањето активно учествува на мастер класите кај реномирани пијанисти и педагози: Борис Романов, Јокут Михајловиќ, Арбо Валдма, Жени Захариева, М. Молова...

Учесник е на бројни концерти на ФМУ во рамките на „Музика Вива“.  Како солист и камерен музичар настапува во Скопје – "Скопско лето", Денови на Македонска музика, „Есенски музички свечености“, Концерт во рамките на меѓународниот фестивал „SaxClair“, Охрид - „Охридско лето“, Битола, Тетово, Штип, Прилеп –  "Град на културата",  "Прилепско лето ", Куманово, Гевгелија –  "Гевгелиско лето", како и во Ниш, Белград, Пожаревац, Софија, Призрен, Приштина... Носител е на повеќе награди – Државен натпревар по музика `95,(втора награда) `96,(втора награда), Меѓународен натпревар „Музиката и земјата“ – Софија `97 (Специјална награда)...

Денес Маја Поповиќ работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ  "Илија Николовски - Луј " – Скопје (каде има бројни признанија и награди со своите ученици ), и е стручен соработник – корепетитор во класата по саксофон на ФМУ - Скопје. Од 2018 до 2019 е во функција на претседател на УО на Македонска филхармонија, а сега и член на истиот. Исто така, од 2013 година, е и член на организациониот одбор на Меѓународниот натпревар на млади пијанисти – Гевгелија.

Од 2012 година соработува со саксофонистот Нинослав Димов, со кого имаат голем број рецитали меѓу кој позначајни се концертот на „Охридско лето“, Концерт во рамките на „Есенски музички свечености“, Коцерт во рамките на меѓунаодниот фестивал „ SaxClar“, Концерт во Софија, Р. Бугарија, Концерт во рамките на меѓународен натпревар во Пожаревац, Р. Србија....

Нинослав Димов дипломира во класата на проф. Стојан Димов на Факултетот за музичка уметност во Скопје 2004 год., а магистрира 2006 год. По дипломирањето во Скопје, продолжува со своите студии во Берлин, Германија на Universität der Kunste, во класата на проф. Детлеф Бенсман. Во Берлин 2006 год. успешно ги завршува додипломските студии по саксофон и продолжува со специјализација "Konzertexamen" се до 2009 год. Добитник е на повеќе награди на републички и интернационални натпревари, и редовен учесник на престижни семинари по саксофон во Словенија, Хрватска, Грција, Франција, Германија...

Нинослав покрај многубројните рецитали, бележи и повеќе солистички настапи со Македонската Филхармонија, Косовската Филхармонија, "Lietzeorchester" - Берлин, Германија. Уште од почетокот на неговите студии тој е водач на Саксофон Квартетот "Димов" со кој што настапувал во Дубровник, Сараево, Белград, фестивалите "Скопско Лето", "Охридско Лето", итн. Во 2006 год. свири неколку концерти со Berliner Saxophon Quartett, светски реномиран ансамбл од овој вид. Од 2007 год. тој е член и ко-основач на "Bensmann Saxophon Quartett", со кој што бележи повеќе настапи во Европа, САД и Кина. Од 2017, по долгогодишно лично ангажирање и како идеен творец, го организира веќе традиционалниот Меѓународен Фестивал по Кларинет и Саксофон "SaxClar" во Скопје, каде има улога на уметнички директор.

Во моментов Нинослав Димов е редовен професор по саксофон и камерна музика на ФМУ - Скопје, член на Биг Бенд оркестарот при МРТ, ЗЏМ Биг Бенд, Баги Биг Бенд и саксофонист по потреба на Филхармонија на Република Северна Македонија.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30