На 18 јули 2023 во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија беше отворена изложбата „Внатрешен сјај“ на Александра Богоеска. Изложбата се состои од 11 скулптури изработени од мермер и травертин.
На отворањето на изложбата, за значењето на делата и дејноста на Александра Богоеска, говореа директорот на КИЦ во Софија д-р Сашко Насев и амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија Н.Е. Агнеза Руси-Поповска.
На настанот, освен љубителите на ликовната уметност, присуствуваа и уметници, културни дејци и поети, а поетесата Маја Панајотова кон крајот на официјалниот дел од вечерта рецитира своја стихотворба, посветена на градот Скопје.
Вечерта помина во позитивно расположение, а посетителите изразија задоволство од квалитетот на делата од изложбата на Александра Богоеска.