На 8 декември 2023 во Националната библиотека на Република Бугарија „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Софија се одржа свеченото отворање на катче на Северна Македонија. Со овој настан, по време на Свети Климентовиот празник, Северна Македонија се здоби со свое читателско катче во една од најзначајните бугарски институции. Отворањето на катчето е плод од соработката меѓу Националната и универзитетска библиотека на Република Северна Македонија „Св. Климент Охридски“ и Националната библиотека на Република Бугарија „Св. Св. Кирил и Методиј“.
На свеченото отворање свои поздравни говори имаа директорката на бугарската Национална Библиотека, доц. д-р Красимира Александрова, и амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, г-ѓа Агнеза Руси-Поповска.
При отворањето на вратите на 24-то катче на странска држава во бугарската Национална библиотека, во присуство на претставници на македонската Национална и универзитетска библиотека, официјалните лица на институциите си разменија подароци и изразија желби за понатамошно успешно соработување.
Настанот го уважија многубројни гости од дипломатските мисии и културни институции во Бугарија.