Амбасадорката Агнеза Руси Поповска и директорот на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија, проф. др. Васо Ристов, се сретнаа со академик Пламен Карталов, директор на Софиската опера и балет.
Во срдечен и продуктивен разговор, беа разменети информации за подготовките за гостувањето на Националната опера и балет на Северна Македонија во Софија со операта Набуко од Џузепе Верди, на 13 септември 2024 г. во просториите на Софиската опера.
Настапот на Националната опера и балет ќе го означи почетокот на оперската сезона во Софија, а следи по маестралниот настап на Софиската опера и балет на фестивалот „Мајски оперски вечери“ во Скопје оваа година со операта Валкири од Рихард Вагнер во режија на академик Карталов.