По повод Европскиот ден на јазиците, на 28 септември 2024 (сабота) од 10:30 до 14:00 часот ќе се одржи настанот "Саем на јазиците" во кој КИЦ на РС Македонија во Софија ќе земе учество преку програмата за посетители, водена од актерот Марин Џишев и Марија Карилоска. Местото на настанот е Градскиот парк пред Народен театар „Иван Вазов“ во Софија, каде што ќе биде поставен и македонскиот штанд. Посетителите ќе имаат можност да се здобијат со брошури и каталози од Република Северна Македонија.
Настанот, кој е дел од повеќе манифестации, се организира од културните институти од кластерот на EUNIC, конзулати и амбасади во Бугарија, Бугарската Академија на Науките, Софиски Универзитет, и со него се одбележуваат Европскиот ден на јазиците – 26 септември и Меѓународниот ден на преведувачите – 30 септември.
За повеќе информации:
https://commission.europa.eu/news/european-day-languages-2024-09-01_en