На 14-ти мај (понеделник), 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, се одржа промоција на бугарското издание на романот „Гаргара“ од македонскиот современ писател Игор Станојоски која беше дел од конкурсната програма на Министерството за култура на РМ.
Настанот го отвори директорот на КИЦ д-р Сашко Насев, а од име на амбасадата авторот и присутните ги поздрави конзулот Ненад Младеновиќ. Во име на издавачот „Персеј“ говореше издавачот г-дин Пламен Тотев, кој го оцени романот како извонредно четиво на млад македонски писател кое што со задоволство го издава како и редица други автори од Македонија.