Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во соработка со Чешкиот културен центар во Софија, на 26 јануари се одржа концерт на македонскиот камерен музички ансамбл Мusic Progressive Quartet, во Лилавиот салон на Чешкиот центар. На програмата беа песни компонирани и аранжирани од Марко Виденовиќ, инспирирани од македонската традиционална музика (Месечино царева девојко, Не си го продавај Кољо чифликот, Само се караме, Со маки сум се родил, Ерген одев бабо, Море сокол пие итн.). Специјален гостин на вечерта беше вокалот Македонка Цветкова Виденовиќ.
Music Progressive Quartet е релативно нов камерен музички ансамбл во кои членуваат Владимир Лазаревски–обоа, англиски рог, Владимир Крстев–виолина, Марко Виденовиќ – виола и Паскал Краповски–виолончело. Главна идеја и воедно движечка сила на овие млади музичари е да донесат освежување на македонската музичка сцена како и да воведат нов звук на светскиот музички пазар преку комбинирањето нa македонскиот фолклор со примеси на џез и сето тоа отсвирено на инструменти кои најчесто се застапени во класичната музика. Квартетот "Мјузик Прогресив“ досега реализирал голем број на концерти низ државата, како и во странство.