На 06. 12. 2018 година во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи јавно читање на кратките сценарија и кратки текстови од младите македонски драматурзи, Марина Трајковска, Артин Селмани, Џон Саркањац, Мона Паскалова и Стефан Марковски. Како дел од програмата за оваа година на КИЦ, текстовите ќе ги читаат студентите на НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ од Софија, Теона Димова, Благица Стоименова, Кристијан Ковачевски и познатиот актер и режисер по потекло од Штип – Ѓорги Ѓоргиев-Антика.
Ова е прв настан од ваков вид кој има за цел да воспостави поблиска соработка меѓу македонските и бугарските млади театарџии и филмаџии и нивно запознавање, за да може да се развива и практично драмската уметност со заеднички проекти, претстави, книги и филмови во иднина.