Бугарското издание на книгата „Нишан“ од Блаже Миневски ќе биде промовирано пред софиската публика на 14 ноември 2019 година од 18:30 часот, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија.
„Нишан“ од македонскиот писател Блаже Миневски (издание на „Изида“, превод Маријан Петров) е возбудлив роман за животот и смртта, за смислата и бесмисленоста на војната, за љубовта и омразата, за свет разделен на две, кој само љубовта и хуманоста можат да го помират. На двата брега на реката двајца млади снајперисти – маж и жена, христијанин и муслиманка, се дебнат един друг, но и се вљубуваат. Нивната љубов е необична, прекрасна и неверојатна, зашто се случува преку оптичките нишани на нивните оружја и трае само толку, колку што продолжува истрелот на куршумите, од едниот брег на реката кон другиот. Во истото време симболички натоварени маркери на спротивставените непријателски брегови се џамијата и црквата. Самото пространство, во кое се одвива дејството, не е именувано директно како Македонија, но индиректно прозира македонската реалност.
Романот содржи и втори пласт и се задлабочува во спомените, мислите и размислувањата на мажот снајперист кој е млад писател, кој ја бара својата вистинска творечка природа. Влегувајки во своевиден дијалог со непријателот, со жената во која се вљубува, но и која може секој момент да ја прекине нишката на неговиот живот со еден истрел, тој раскажува за неговите писателски незгоди, за работилницата за креативно пишување во Ајова, за неговото детство, за луѓето, настаните и книгите кои му влијаеле. Тука наоѓаат место како класички литературни ликови, како Ана Карењина и Ема Бовари, така и неговата учителка Цутика, која што ја раскрива пред него бесконечната сила на уметничката литература. Така се создава една комплексна сложувалка од измислени и реални приказни, херои и судбини, фрлени во виорот на балканските конфликти и страсти.
Блаже Миневски е роден во 1961 год. во Гевгелија. Има завршено новинарство во Скопскиот универзитет. Тој е меѓу најпознатите македонски писатели и од 1992 год. е член на Друштвото на писателите на Македонија. Освен новинарски текстови има публикувано романи, раскази и драми. За романот „Нишан“ ја добива наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, за најдобро белетристичко дело, награда „Роман на годината“ и „13 ноември“.
***
Еден од најдобрите психлошки романи во современата македонска литература.
„Мајсторски расказ за фаталните секунди, кога светлината изчезнува и останува ништото!“ – Проф. д-р Јелена Лужина, театролог
„Прекрасен роман кој го опфаќа минатото и сегашноста“ – Академик Митко Маџунков, писател
„Роман кој предизвикува естетички земјотрес“ – Душан Стојковиќ
„Интересен и предизвикувачки роман“ – Данило Коцевски