КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Новогодишен концерт на Шкељзен Бафтиари, Бесиана Мехмеди и Шкодран Толај

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
30 Dec 2019 - 18:30
„Новогодишен концерт“ на Шкељзен Бафтиари, Бесиана Мехмеди и Шкодран Толај (банер)

На 30 декември 2019 година, во КИЦ на РСМ во Софија, ќе се одржи „Новогодишен концерт“ на Шкељзен Бафтиари (пијано), Бесиана Мехмеди (мецосопран) и Шкодран Толај (тенор). На програмата на концертот, во духот на новогодишното расположение, се познати композиции од класичната музика.

Шкељзен Бафтиари е роден 1986 година во Тетово, Северна Македонија. Во Скопје го завршил средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“, во класата на Људмила Романова. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во класата на проф. Борис Романов. Своите магистерски студии ги завршил под менторство на проф. Симон Трпчески.  

Учествувал на многу концерти во Северна Македонија и други земји. Наградуван е на многу меѓународни натпревари (Благоевград и Пловдив – Бугарија, Рим и Торино – Италија, Париз - Франција) и натпревари одржани во Северна Македонија (Струга).

Свои рецитали има изнесено во Скопје, Охрид, Приштина, Тирана, Софија, Белград и има учества како солист со Македонската филхармонија, Лондонската градска филхармонија, Косовскиот филхармониски оркестар, Албанскиот RTSH оркестар, како и со Симфонискиот оркестар на Факултетот за музички уметности во Скопје.

Бесиана Мехмеди е родена 1982 година во Приштина, Косово. Во својот роден град го завршила средното музичко училиште „Prenk Jakova“, а подоцна дипломирала на Академијата за уметности на Албанија во Тирана. Своите студии ги завршила во областа на музикологијата  со одличен успех, под менторство на проф. Зана Шутериќи. Во периодот 2006 – 2013 година, Мехмеди ја извршувала должноста на асистент и предавач по Историја на музиката и Вокални техники во Државниот универзитет во Тетово. Од 2013 година работи како професор по Историја на музиката, Солистичко пеење и Вокални техники во Државниот универзитет во Тетово, Северна Македонија.

Името на Бесиана Мехмеди се вбројува меѓу најпознатите албански пејачи. Таа е позната и како професор по музика, публицист, радио репортер и медиумски презентер. Добитник е на бројни музички награди и е вклучена во репродуцирањето и интерпретацијата на некои од албанските фолк хитови.

Мехмеди има многубројни изведби во областа на класичната музика. Неодамна изнесе неколку соло изведби, вклучително “Stabat Mater” во Скопје и Тетово, концерт со албански музички композиции во Тетово, концерт со европски класични музички композиции во Гостивар, учествуваше меѓу главните исполнители на уметничкиот перформанс “Skenderbeu” во Приштина.

Таа активно учествува на различни фестивали, концерти и ТВ програми во Косово, Северна Македонија, Албанија и други држави од регионот.

Шкодран Толај е роден во 1977 во Дечан – Косово. Средно училиште и факултет за соло пеење завршил во Германија - Hochschule fur music, in Freiburg. На сцената на класичната музика е познат како тенор кој работел повеќе од една деценија во Германија. Последните специјализации за вокал ги следел кај мексиканскиот професор, еден од најпознатите тенори во светот Франциско Араиза. За време на работењето со него ги има реализирано улогите на Пучини: Рофолфо во „Ла Боеми“ и Пинкертон во „Мадам Батерфлај“.

Има соработувано со филхармонијата „Орсо“ од Германија, каде ја има реализирано улогата Баринкај во оперетата Zigeunerbaron на Ј. Штраус.

Шкодран Толај е тенор кој освен големите светски оперски улоги ги има претставено со голем успех и модерните дела.

Шкодран Толај е опишан од германските весници (Бадиш Цајтунг) како голем и редок вокал кој воодушевува со неговиот глас дојден од една мала европска земја (Косово).Има настапувано и во француските и швајцарските сцени каде бил опишан како многудимензионален тенор кој се усогласува со сите музички композициски и вокални карактери. Има повеќе од година како го дава својот придонес во уметничкиот живот во Албанија, Косово и Македонија. 

Шкодран Толај е одличен интерпретатор и на популарната музика. До сега брои повеќе од 10 концерти дома и надвор. Има издадено 5 музички албуми од кој 2 во соработка со продукција Јехона.

 

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30