КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт на Бесиана Мехмеди, Алба Мучоли Дехири и Пранвера Хоџа во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
28 Jun 2021 - 18:30
Концерт на Бесиана Мехмеди, Алба Мучоли Дехири и Пранвера Хоџа во КИЦ на РСМ во Софија (банер)

Бесиана Мехмеди е родена 1982 година во Приштина, Косово. Во својот роден град го завршила средното музичко училиште „Prenk Jakova“, а подоцна дипломирала на Академијата за уметности на Албанија во Тирана. Своите студии ги завршила во областа на музикологијата  со одличен успех, под менторство на проф. Зана Шутериќи. Во периодот 2006 – 2013 година, Мехмеди ја извршувала должноста на асистент и предавач по Историја на музиката и Вокални техники во Државниот универзитет во Тетово. Од 2013 година работи како професор по Историја на музиката, Солистичко пеење и Вокални техники во Државниот универзитет во Тетово, Северна Македонија.

Името на Бесиана Мехмеди се вбројува меѓу најпознатите албански пејачи. Таа е позната и како професор по музика, публицист, радио репортер и медиумски презентер. Добитник е на бројни музички награди и е вклучена во репродуцирањето и интерпретацијата на некои од албанските фолк хитови.

Мехмеди има многубројни изведби во областа на класичната музика. Неодамна изнесе неколку соло изведби, вклучително “Stabat Mater” во Скопје и Тетово, концерт со албански музички композиции во Тетово, концерт со европски класични музички композиции во Гостивар, учествуваше меѓу главните исполнители на уметничкиот перформанс “Skenderbeu” во Приштина.

Таа активно учествува на различни фестивали, концерти и ТВ програми во Косово, Северна Македонија, Албанија и други држави од регионот.

Алба Мучоли Дехири е родена на 6 мај 1982 гоодина во Приштина. Основното, средното и високото образование го завршила во Универзитетот во Приштина, на Музичкиот факултет, каде се здобила и со магистерска диплома - Педагогија за пијано.

Алба Мучоли Дехири има 15 годишно искуство како наставник по пијано во Музичкото училиште "Prenk Jakova" во Приштина, Косово. За тој период нејзините ученици имаат добивано први, втори и трети места на различни  локални, регионални и интернационални музички натпревари.

Од 2014 година работи како професор по пијано во Музичкиот факултет – UHZ во Печ, Косово. Некои од нејзините научни трудови, со насока кон Педагогијата за пијано беа издадени неодамна.

Алба има изведби на концерти одржани во Косово, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Германија.

Пранвера Хоџа е родена 1983 година во Приштина. Започнала со своите часови по пијано на 10 годишна возраст. Средното образование го завршила во Приштина.

Во 2005 година дипломирала на Академијата за фини уметности во Тирана, во класата на проф. Анита Тартари.

Во периодот 2006 – 2009 година студирала Економија – Банкирање, Финансии и сметковотство во Приштинскиот универзитет.

Во 2010 година запишала магистерски студии во Факултетот по музичка уметност, со насока Пијано. Студиите ги завршила во 2011 година во класата на проф. Т. Светиев со највисоки оценки.

Пранвера има учествувано на многу музички фестивали, а исто така има остварено многубројни соработки со соло пејачи и инструменталисти, меѓу кои вреди да се спомнат: Вокално-инструменталниот концерт „Мајка на светот“ во Скопје, одржан заедно со кларинетистот Фатос Ќерими, а исто така уште еден концерт по повод инаугурацијата на статуата на „Мајка Тереза“ во Грац, Австрија. Пранвера, исто така, има многу соло концерти во Албанија, Црна Гора, Белгија, Македонија, Франција, Србија и Австрија.

Од 2006 година работи како наставник по пијано во средното училиште „Prenk Jakova“ во Приштина. Како музички придружник работи со класата по флејта на Факултетот по музичка уметност во Приштина. Во 2011 година има работено на Државниот универзитет во Тетово, како пијано придружба на класата за канто и флејта.

Пранвера имала соработки со Оперскиот хор на Косово и со Косовската филхармонија како пијанист.

Член е на камерниот оркестар „Rexho Mulliqi“ и на Дуо Пијано, заедно со нејзината колешка Алба Муколи Дехири

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31