Во чест на нобеловецот Елиас Канети по потекло од град Русе, по 16-ти пат се одржува Меѓународниот книжевен фестивал на европските писатели од 1 до 12 Октомври 2023 година.
Оваа година мото на фестивалот е “Сонот на разумот...”. Ќе бидат претставени автори од повеќе европски држави, а Северна Македонија ќе биде претставена со Сашко Насев, Катедрата за филмска и театарска драматургија на ФДУ, Скопје и македонската сценариска и драматург, Весна Куслеска.
Ќе бидат претставени и бугарската, унгарската, австриската, германската, полската и други европски литератури.