Од 7- 13 декември се одржа Софиски меѓународен саем на книгата, на кој со свој македонски штанд се представи и Р. Мaкедонија, преку книгоиздателството "Македонска литера". На 8 декември беше одржана промоција на делата "Сплаварот на Вардар" и "Вишновата градина" од македонските автори Владимир Плавевски и Фросина Пармаковска, во издание на бугарското книгоиздателство "Персеј".
На 9 декември на македонскиот штанд во НДК , беа претставени делата "Збркана сказна" од Киро Донев, "Посмртна венчавка" од Паскал Гилевски и "Ѕвездениот корен" од Анте Поповски, во издание на бугарските книгоиздателства Мултипринт, Персеј и Ерго.