Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонја во Софија и Министерството за култура на Р. Македонија на 25 ноември (вторник) во 18 часот се отвори изложба на современите македонски уметници Ангелина Поповска и Богоја Анѓелковски. Изложбата ја отвори ликовниот критичар Валентино Димитровски.
Ангелина Поповска (1967год.) дипломирала на ФЛУ-отсек сликарство, а магистрирала во Белград на Катедрата за конзервација и реставрација. Автор е на две самостојни изложби, учествувала на неколку групни изложби во земјата и странство. Наградувана е со неколку меѓународни и домашни награди: Прва награда на ДЛУМ 2005, Прва награда "Петар Мазев" итн.
Скулпторот Богоја Анѓелковски (1963год.) дипломирал на ФЛУ-отсек вајарство. Автор е на неколку самостојни изложби. Добитник е на наградата „Нерешки мајстори„ на ДЛУМ,1993год., Прва награда за идејно решение за спомен обележје на Никола Карев,2008, Откупна награда за идејно решение за спомен –обележје на Цар Самоил,2008год.